Ali Murat Alhas
13 Јули 2022•Ажурирај: 14 Јули 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Истанбул започна состанокот на воените делегации на Анкара, Киев, Москва и претставници на Обединетите нации (ОН) за поморскиот транспорт на украинското жито и други намирници, јавува Агенција Анадолија (АА).
Делегациите ќе разговараат за безбедната испорака на намирниците по морски пат, кои чекаат во украинските пристаништа.
Состанокот на делегациите се одржува во павилјонот Календер во Истанбул.