Enes Canlı
17 Октомври 2019•Ажурирај: 18 Октомври 2019
АНКАРА (АА) – Приврзаниците на терористите на ЈПГ/ПКК по социјалните медиуми се обидоа да ја прошират лагата дека во операцијата „Извор на мирот“ е користено забрането оружје како што се хемиското оружје и фосфорните бомби, пренесува Anadolu Agency (AA).
Протерористички профил на социјалните медиуми, објавувајќи фотографија од болница каде што се интервенира врз едно лице, напиша дека Турската армија употребила хемиско оружје. Сепак, откриено е дека таа фотографија е од април 2017 година, по хемиските напади на режимот на Асад во Сирија.

Еден манипулаторски профил се обиде фотографија од воздушниот напад на сирискиот режим во март 2018 година на регионот Источна Гута да ја прикаже како фотографија од операцијата „Извор на мирот“. Истиот профил, фотографијата од траги од пламен како резултат на фосфорната бомба, исфрлена од страна на Израел при нападот на Газа во јануари 2008 година, се обиде да ја прикаже како да е направена за време на операцијата „Извор на мирот“.
Профилите на приврзаниците на ЈПГ/ПКК се обидоа да дезинформираат дека фотографиите се направени во Рас ал Ајн, северна Сирија.
Манипулаторските профили отворени за да се поддржи терористичката организација, објавувајќи фотографии од пламен во воздух како резултат на експлозиите, се обидоа да ги прикажат како да се направени во текот на операцијата „Извор на мирот“. Но сепак е утврдено дека тие фотографии од Алепо во Сирија, се објавени во јуни 2016 година на други места.

Исто така, еден друг профил близок до терористите, објавувајќи фотографија од сериозни повреди и изгорени лица од хемиско оружје и фосфорни бомби, се обиде да направи перцепција дека се направени за време на операцијата „Извор на мирот“.

Сепак, за фотографијата на дете со изгорена глава е утврдено дека е направена во американската база во Авганистан 2009 година. На ист начин беше објавена и фотографија на човек погоден од фосфорна бомба кој се лекува во болница. Но и за таа фотографија откриено е дека е направена во јануари 2009 година при нападите на Израел во Газа.

Министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, истакнувајќи дека терористичката организација се подготвува да употреби хемиско оружје и да ја префрли вината на Турската армија, рече: „Во инвентарот на ТСК нема хемиско оружје.“