Aynur Ekiz
24 Февруари 2018•Ажурирај: 25 Февруари 2018
КАХРАМАНМАРАШ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, осврнувајќи се на операцијата ‘Маслинова гранка’ во Сирија, порача дека денеска никој нема право да ја запраша Турција зошто ги штити своите граници, јавува Anadolu Agncy (AA).
Претседателот на Турција Ердоган за време на посетата на турскиот град Кахраманмараш, имаше свое обраќање на Конгресот на партијата на правда и развој (АК партија). Во фокусот на неговотo обраќање беше операцијата ‘Маслинова гранка’, која турските вооружени сили ја спроведуваат во Африн, на северот од Сирија.
„Зошто вие преоѓате 10.000 километри и доаѓате тука? Ние имаме обврска да ја штитиме нашата граница во должина од 911 километри. Затоа, никој не може да стане и да запраша ‘зошто ја штитите таа граница’? Ние ќе продолжиме. Оние кои напаѓаат, ќе треба да дадат отчет за тоа. Секој нека знае, оваа земја, овој народ, овие војници, не се ‘војска на кукавици’, ова не е ‘земја на кукавици’. Затоа тие ќе дадат отчет“, порача претседателот Ердоган.
Ердоган ги прокоментира и неоснованите тврдења на сметка на Турција за наводно „убивање на цивили“.
Ердоган оние кои тоа го зборуваат ги нарече неморални и нечесни и порача: „Убивањето на цивили не е во нашата крв, тоа е во вашата крв“.
Нагласувајќи дека оние кои не успеаја да излезат на крај со Турција на теренот, нема да успеат ниту во пропагандната војна заснована врз лаги и клевети.
„Оние кои не беа во состојба на теренот да излезат на крај со Турција, нема да успеат ниту во започнувањето на пропагандна војна на глобално ниво, заснована врз лаги, клевети и дезинформации. Лагите кои ќе се соочат со вистината, ќе се истопат како ледената маса која го здогледала Сонцето“, порача Ердоган.