İsmail Fidan
12 Јануари 2018•Ажурирај: 13 Јануари 2018
ИСТАНБУЛ (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денеска во Истанбул изјави дека терористичката организација ФЕТО со злото кое го направи на децата им ја украде иднината и го подели умметот, јавува Anadolu Agency (AA).
„ФЕТО, со злото кое им го направи на нашите деца ја украде иднината и го подели умметот", рече Ердоган.
Ердоган во текот на обраќањето на одбележувањето на 135 годишнина од основањето на Универзитетот Мармара укажа на важноста на поддршката на академската заедница кога е во прашање процесот на преминување на претседателски систем во Турција.
„Науката значи слобода на умот. Доколку својот ум сте го ставиле под команда на некои идеологии, калапи или тези, значи дека сте ја загубиле титулата научник. Доколку сето тоа сте го предале на Пенсилванија (лидерот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен), тогаш сте станале ништовни без оглед што сте професори, што сте познати и славни. Името и титулата на вратите на вашата канцеларија така престануваат да губат значење", Ердоган.