Hamdi Çelikbaş
12 Јануари 2018•Ажурирај: 12 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Со одлуката на Владата на Република Турција, која за време на вонредната состојба има карактер на закон, на должност се вратени 1,823 службеници во јавниот сектор, кои за време на претходните истраги се отстранети од позиција. Исто така, од должност во јавните установи се отстранети 214, а од Вооружените сили на Турција (ТСК), 48 службеници, јавува Anadolu Agency (AA).
Одлуката е донесена за време на седницата на Владата на Република Турција, која е одржана на 8 јануари, а за време на која претседаваше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Одлуката стапи на сила со денешното објавување во Службен весник.
Објавени се и листи во врска со вработените во јавниот сектор на Република Турција, кои се суспендирани поради поврзаност со терористичките организации или со некои други структури или групи кои дејствуваа со цел нарушување на безбедноста на Република Турција.
Инаку, со одлуката на Владата е затворена и една телевиија и една радио станица.