İlkay Güder
24 Февруари 2018•Ажурирај: 25 Февруари 2018
АНКАРА (AA) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе оствари официјални посети во Алжир, Мавританија, Сенегал и Мали, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на прес-центарот на Претседателството, во рамките на африканската турнеја Ердоган ќе отпатува во Алжир, Мавританија, Сенегал и Мали од 26 февруари до 2 март.
Во рамките на посетата, се очекува претседателот Ердоган да разговара за билатералните односи и соработката од сите аспекти и да размени ставови за регионалните и меѓународните случувања на поединечните средби и средбите со делегации.
Претседателот Ердоган, ќе го посети Алжир по втор пат како претседател. Алжир, е еден од поважните економски партнери на Турција и има силна историска поврзаност со земјата.
По Алжир, Ердоган ќе престојува во официјална посета на Субсахарска африканска земја Мавританија во среда, на 28 февруари. По оваа посета ќе замине за Сенегал, земја со која Турција има билетералните односи на одлично ниво.
Според програмата, последната земја при посетата на турскиот претседател ќе биде Мали.
Во соопштението, се истакнува дека посетата на претседателот Ердоган на Мавританија и Мали, е од историско значење, што ќе биде прва посета на турски претседател во овие земји.
Како дел од посетите, ќе се одржат бизнис форуми во Алжир и Сенегал.