Dildar Baykan
24 Февруари 2018•Ажурирај: 25 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Турција смета дека „е крајно загрижувачка“ најавата на САД за планираното префрлување на амбасадата од Тел Авив во Ерусалим (Кудс). Турското МНР соопшти дека ќе продолжи да се залага за легитимните права на палестинскиот народ, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Министерството за надворешни работи на Турција, се наведува дека одлуката на САД во мај да ја премести амбасадата од Тел Авив во Ерусалим, го крши меѓународното право и резолуциите на Советот за безбедност на ОН за Ерусалим, а со тоа инсистира на поткопување на темелите за помирување.
„Соединетите Американски Држави, за жал, со оваа одлука покажуваат дека не го слушаат гласот на совеста на меѓународната заедница, изразен преку одлуката донесена на Генералното собрание на ОН и декларацијата на самитот на Организација за исламска соработка одржан во Истанбул, или уште полошо, воопшто не се грижи за тоа", објави во соопштението.
Турското МНР исто така, порача дека оваа одлука на САД е загрижувачка и дека Турција ќе продолжи да се залага за легитимните права на палестинската нација, вложувајќи напори во дијалогот со поголемиот дел од меѓународната заедница.
Американскиот Стејт департментот синоќа објави дека Американската амбасада во Тел Авив во мај оваа година ќе се пресели во Ерусалим.