Fuat Kabakcı
02 Октомври 2021•Ажурирај: 03 Октомври 2021
АНКАРА (АА) - Турското Министерство за надворешни работи наведе дека причините за ескалација на тензиите во Источниот Медитеран се максималистичките барања во поглед на поморската јурисдикција и едностраните постапки на Грција и администрацијата на кипарските Грци. Министерството порача дека Турција одлучно ќе продолжи да ги штити своите и правата на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), јавува Агенција Анадолија (АА).
„Како што е познато, причината за тензиите што во последните години беа доживеани во Источниот Медитеран се максималистичките барања на Грција и администрацијата на кипарските Грци за поморската надлежност и едностраните постапки кои ги занемаруваат правата и интересите на нашата земја и ТРСК во Источниот Медитеран“, се наведува во соопштението на турското МНР.
Потсетувајќи дека турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, минатата година ѝ предложил на Европската Унија да свика опсежна конференција за Источниот Медитеран, и за тоа дека ТРСК, косопственик на островот, и дека ТРСК на 13 јули поднела детален предлог за ресурсите на јаглеводороди до администрацијата на кипарските Грци.
„Иако сите овие предлози се на маса, се гледа дека Грција и грчката администрација на Кипар во последните месеци се обидоа да земат учество во еднострани и провокативни активности зголемувајќи ја напнатоста во Источниот Медитеран“, се вели во соопштението, и се додава:
„Освен неодамнешните обиди на Грција да го наруши нашиот континентален појас, администрацијата на кипарските Грци најави дека на 3 октомври ќе спроведе истрага со брод под знаме на Малта на начин што ќе ги наруши правата на ТРСК и континенталниот појас на нашата земја.“
Нагласено е дека грчката страна најавила дека во ноември ќе започне ново дупчење на југот на островот.
„Сите овие еднострани активности ќе ги зголемат тензиите и ќе го загрозат мирот и стабилноста во Источниот Медитеран“, се порачува од Министерството.
Нагласувајќи дека на терен и на маса се преземени неопходните чекори против едностраните дејствија на Грција и администрацијата на кипарските Грци, исто така свртено е вниманието на трети земји дека тие дејствија не смеат да се користат како инструмент.
„Нашата земја ќе продолжи одлучно да ги штити своите и правата на Турската Република Северен Кипар во Источниот Медитеран“, се заклучува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција.