Faruk Zorlu
02 Октомври 2021•Ажурирај: 03 Октомври 2021
АНКАРА (АА) - Турските сили неутрализираа тројца терористи на ПКК во воздушен напад во северен Ирак, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Терористите се неутрализирани во регионот Гара во заедничка операција на турската Национална разузнавачка агенција и Војската“, се нагласува од Министерството.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.