Enes Canlı
18 Октомври 2019•Ажурирај: 20 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Во рамки на обидите на социјалните мрежи за оцрнување на операцијата „Извор на мирот“, која започна со цел оневозможување на формирањето терористички коридор близу јужната граница на Турција и обезбедување мир и спокојство во регионот, поддржувачите на терористичката организација ЈПГ/ПКК продолжуваат со обиди за ширење дезинформации во врска со операцијата преку објавување монтирани фотографии како да се објавени од профилот на турскиот министер за национална одбрана, Хулуси Акар, јавува Anadolu Agency (AA).
Поддржувачите на терористичката организација ЈПГ/ПКК ја пресекле фотографијата пренесена од страна на АА, а снимена во текот на операцијата „Маслинова гранка“, на која се прикажува турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како стои пред една мапа, и ја монтирале на мапа на Турција која ги вклучува и териториите во северниот дел на Ирак и Сирија.
Истите манипулатори, оваа фалсификувана фотографија на мапата ја објавија на социјалните мрежи како да е објавена од профилот на министерот Акар.
Оваа фотографија, со која терористичката организација сака да врши манипулација, исто така беше користена од страна на профилите на социјалните мрежи на антитурското ерменско лоби во САД.
Претходно, Anadolu Agency (AA) исто така откри дека поддржувачите на оваа терористичка организација, како во операцијата „Извор на мирот“, така и во претходните операции „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“, фотографиите снимени во војните и судирите низ светот ги злоупотребија за манипулации и дезинформации.