Потврдени вести

Продолжува ширењето дезинформации за операцијата „Извор на мирот“

Баран, всушност, сподели монтирана верзија од фотографијата направена за време на обуката која турските војници ја држеле на пакистанските војници

Enes Canlı  | 22.10.2019 - Обновена : 23.10.2019
Продолжува ширењето дезинформации за операцијата „Извор на мирот“

АНКАРА (АА) - На обидите за ширење дезинформации за операцијата „Извор на мирот“, започната во Сирија со цел уништување на коридорот јужно од границата на Турција и воспоставување мир и безбедност на тоа подрачје, се придружи и Рефаи Баран, претседателот на Одборот на Народната демократска партија (HDP) во Бисмил, Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

Баран на профилот на социјалната мрежа сподели фотографија од турски војник на колена и се обиде да прикаже како настанала за време на операцијата „Извор на мирот“.

Баран, всушност, сподели монтирана верзија од фотографијата направена за време на обуката која турските војници ја држеле на пакистанските војници.

Исто така, сподели и фотографија на дете кое во болки лежи во болнички кревет. Споменатата фотографија, всушност е направена во Сирија во ноември 2017 година.

Баран слични дезинформации ширел и во јануари 2018 година за операцијата „Маслинова гранка“. Потоа е лишен од слобода поради величење на терористичката организација ПКК на социјалните мрежи, но подоцна е ослободен.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın