Турција

Во северниот дел на Сирија неутрализирани двајца терористи на ПКК/ЈПГ

- Во северниот дел на Сирија се неутрализирани двајца терористи на терористичката организација ПКК/ЈПГ кои биле во подготовка да извршат напад

Aykut Karadağ  | 23.10.2020 - Обновена : 24.10.2020
Во северниот дел на Сирија неутрализирани двајца терористи на ПКК/ЈПГ

АНКАРА

Во северниот дел на Сирија се неутрализирани двајца терористи на терористичката организација ПКК/ЈПГ кои биле во подготовка да извршат напад, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.

„Двајца терористи на ПКК/ЈПГ се неутрализирани од страна на нашите храбри командоси“, се вели во ова соопштение.

Во соопштението се додава дека едниот од терористите бил неутрализиран во областа каде што беше реализирана операцијата „Штитот на Еуфрат“, додека другиот во областа каде што беше реализирана операцијата „Извор на мирот“.

Се нагласува дека овие терористи биле во обид за инфилтрирање во овие зони и во обид за напад со цел да го нарушат спокојството и безбедната средина.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.