Ekipa
10 Октомври 2019•Ажурирај: 10 Октомври 2019
ТЕЛ АБЈАД (АА) - Сириската национална војска (СНВ), која се состои од вооружените групи кои ја поддржуваат опозицијата, со цел поддршка на операцијата „Извор на мирот“, влезе на територијата источно од реката Еуфрат, јавува Anadolu Agency (AA).
СНВ, која во рамките на операцијата „Извор на мирот“, што турските сили ја започнаа вчера, е насочена против терористите, влезе на подрачјето источно од реката Еуфрат, кои се под окупација на терористите на ЈПГ/ПКК.
СНВ под името Слободна сириска војска (FSA) ги поддржуваше Вооружените сили на Турција (TSK) и во операциите „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“.