свет

Норвешка против суспендирањето на Турција од НАТО

„Мислам дека е подобро да ја имаме Турција во НАТО отколку надвор од НАТО“

Ayhan Şimşek  | 15.10.2019 - Обновена : 15.10.2019
Норвешка против суспендирањето на Турција од НАТО

БЕРЛИН (АА) - Норвешка денеска ја критикуваше турската антитерористичката операција во североисточниот дел на Сирија, но ги отфрли повиците за суспендирање на Турција од НАТО Алијансата, јавува Anadolu Agency (AA).

„Мислам дека е подобро да ја имаме Турција во НАТО отколку надвор од НАТО“, изјави норвешката премиерка Ерна Солберг на заедничката прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин.

„Важно е да ја имаме во нашето семејство и во нашите дискусии. Мислам дека е полесно со неа да се работи на тој начин“, додаде таа.

Солберг ирази загриженост во врска со усогласеноста на турската воена операција со меѓународното право и ја повика Анкара да стави крај на операцијата.

Турција на 9 октомври ја започна операцијата „Извор на мирот“ за елиминирање на терористите од северна Сирија, со цел обезбедување на турските граници и безбедно враќање на сириските бегалци, како и осигурување на сирискиот територијален интегритет.

Анкара сака да ја исчисти северна Сирија, подрачјето источно од реката Еуфрат, од терористите на ПКК и нејзиниот сириски огранок ПЈД/ЈПГ.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на терористичката ПКК.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.