Mustafa Melih Ahıshalı
30 Јануари 2024•Ажурирај: 31 Јануари 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Иранскиот министер за надворешни работи Насер Кенани реагираше на изјавите на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, дека „Иран ја нарушува стабилноста во регионот“, нарекувајќи ги „трагикомични“, јавува Анадолу.
„И покрај мрачното колонијално минато на НАТО и некои негови членки, обвинувањата на генералниот секретар (на сметка на Иран) се трагикомични“, наведе Кенани на својот профил на Телеграм.
Наведувајќи дека Иран води политика против интервенцијата на странските сили со цел да го осигури мирот и стабилноста во регионот, Кенани рече дека покрај „деструктивната и интервенционистичка политика“ на НАТО и некои земји членки, неговите воени акции претставуваат темел на несигурност не само во Западна Азија туку и во многу други региони во светот.
Говорејќи на заедничката прес-конференција во Вашингтон со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, Столтенберг изјави дека Иран „покажува опресивен став дома и агресивен став во странство“ и дека „Иран е одговорен за дестабилизацијата на Блискиот Исток, на кој му треба стабилност и безбедност.“