Eşber Ayaydın,Mustafa Güçlü
13 Октомври 2019•Ажурирај: 14 Октомври 2019
ШАНЛИУРФА (AA) – Откако во операцијата „Извор на мирот" во потполност е осободен централниот дел на Тел Абјад, војнците на Сириската национална војска (СНВ) на царинскиот премин, на границата со Турција, го истакнаа знамето на СНВ, јавува Anadolu Agency (AA).
Продолжува операцијата „Извор на мирот" насочена против терористите на ЈПГ/ПКК и ДЕАШ на северот на Сирија, која турските сили ја покренаа со цел уништување на терористичкиот коридор кој терористите настојуваат да го оформат јужно од границата со Турција. Операцијата ја поддржуваат и војниците на Сириската национална војска.
Војниците на СНВ, откако што е воспоставена контрола во центарот на Тел Абјад, на преминот на границата со Турција го истакнаа знамето на СНВ, а радоста на присутните забележана е на снимките.
Граѓаните од турската страна на границата мафтаа со знамиња на Република Турција и така ја споделија радоста на војниците на СНВ.