Mohamad Misto,Burak Karacaoğlu,Adham Kako,Levent Tok
13 Октомври 2019•Ажурирај: 14 Октомври 2019
АЈН ИСА (AA) - Со предизвикување пожар во кампот во местото Ајн Иса, на северот на Сирија, во кој престојувале претходно заробените припадници на ДЕАШ и нивните семејства, терористите на ЈПГ/ПКК овозможиле бегство на терористите на ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Кампот се напоѓа западно од местото Ајн Иса, кое му припаѓа на сирискиот град Рака, а вработен во овој камп кој не сакаше да биде откриен неговиот идентитет, на новинарот на АА му рече дека челните луѓе на правата на кампот стигнале денеска околу 11 часот и сите цивилни вработени ги извеле надвор од кампот.
„Ние го напуштивме кампот, а тие останаа внатре. Околу 13:30 часот избувна пожар и видовме чад над кампот. Откако нашите пријатели отидоа до кампот да видат за што се работи, видоа дека горат просториите кои ги користевме како канцеларии“, рече изворот.
Нагласи дека овој пожар не го предизвикале затворениците и нивните семејства, со оглед на тоа што нивните канцеларии се оддалечени од просторот каде што престојувале затворениците.
„Пожарот директно го предизвика организацијата. На тоа укажува и фактот што пред пожарот нѐ отстранија од кампот“, рече изворот, додавајќи дека не станува збор за каков било воздушен напад или бомбардирање на кампот.
По избувнувањето на пожарот, илјадници луѓе избегале од кампот.
Во кампот кој е испразнет поради избувнување пожар, престојуваа околу 5.000 луѓе, од кои 2.000 беа припадници на ДЕАШ и нивните семејства, жени и деца. Останатите 3.000 затвореници се бегалци од различни делови од Сирија, кои, бегајќи од судирите, засолниште нашле во Ајн Иса.
Ајн Иса се наоѓа на околу 35 километри од границата со Турција.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, претходно во текот на телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Турција ќе преземе надзор на затворениците на ДЕАШ кои се наоѓаат во заложничките центри во регионите исчистени од терористите.
„Заробените борци на ДЕАШ и нивните семејства во Сирија, врз кои Турција ќе преземе надзор, засега ќе останат на територијата на Сирија, исчистена од терористичките организации“, соопштено е од Министерството за надворешни работи на Турција.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК на сите начини се обиде да ги запре операциите „Маслинова гранка“ и „Извор на мирот“, поради кои веќе долго му се заканува на Западот дека ќе ги пушти на слобода затворениците на ДЕАШ и нивните семејства.
ЈПГ/ПКК заробените терористи на ДЕАШ ги држи во камповите во Рака и Хасека. Терористите често за пари ги пуштаат на слобода терористите на ДЕАШ и често ги користат како свој билет. Организацијата претходно исто така склучуваше договори со припадниците на ДЕАШ во Рака и ги пушташе кон границата со Турција.