Mümin Altaş
12 Мај 2016•Ажурирај: 12 Мај 2016
АНКАРА (AA) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во четврток во Анкара ја критикуваше Европската унија (ЕУ), поради, како што рече, земање на терористичките организации за соговорници, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ако Европската унија е спремна да се спушти на ниво на разговори со терористичките организации наместо со државата Турција, на нас тоа не ни е никаков проблем бидејќи ние со очите со кои ги гледаме терористичките организации ги гледаме и оние кои ги бранат нивните тези", рече турскиот претседател.