Ahmet Gürhan Kartal
03 Мај 2018•Ажурирај: 03 Мај 2018
ЛОНДОН (АА) - Внук на поранешен британски министер е уапсен по неговото враќање во Велика Британија од Сирија, поради вмешаност во терористичката организација ПЈД/ПКК, пренесува Anadolu Agency (AA).
Џејми Џенсон (42), внук на поранешниот британски министер Џон Профумо, наводно, се придружил на терористичката организација по патувањето во Сирија и учествувал во активностите против Турската армија за време на операцијата „Маслинова гранка“ во Африн.
„Лицето уапсено под сомнеж за терористички прекршоци како дел од истрагата на Командата за борба против тероризмот на Мет е ослободено, но под истрага“, објави британскиот дневен весник „Телеграф“, цитирајќи ја британската полиција.
Џенсон беше уапсен во Фолкстоун (област Кент) во вторникот, откако патувал со воз од Франција, каде што дошол преку северен Ирак и Белгија.
„Тој беше уапсен во рамките на петтиот дел од Законот за тероризам од страна на офицерите на Командата за борба против тероризмот на „Скотланд јард“, пред да биде ослободен со кауција, во очекување на понатамошни истраги“, се вели во Извештајот.
Џенсон за „Телеграф“ изјави дека другите луѓе од Западот, кои наводно доброволно се пријавиле да се борат со терористичката организација ЈПГ против ДЕАШ, биле прошверцувани од Африн во областите под контрола на владините сили кон крајот на март, откако градот е под контрола на турските сили и силите на Слободната сириска армија.
Двајцата британски државјани, Џим Метјус и Адан Џејмс, се појавија на суд минатиот месец, при што Метјус беше суден за прекршоци поврзани со тероризам, а Џејмс обвинет за терористички прекршоци. Двајцата беа вклучени во терористичката организација ПКК/ЈПГ, а со нивните слуачи ќе се продолжи подоцна во текот на оваа година.
ПКК се смета за терористичка организација во Велика Британија од 2001 година, но ЈПГ не е на листата на забранетите организации.
Британските власти рекоа дека нивните граѓани кои се придружиле на вооружените групи во Сирија ќе бидат испрашани во рамките на Законот против тероризам по нивното враќање во Велика Британија.
Аналитичкиот центар „The Henry Jackson Society“ во Извештај минатиот август предложи дека ПКК треба да се забрани во Велика Британија по профилирањето на 60 странци кои се придружиле на терористичката организација од 12 различни земји.
Извештајот насловен со „Заборавените странски борци: ПКК во Сирија“ ги разоткри врските меѓу ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации во ЕУ, САД и Турција и ПКК/ПЈД во Сирија.
Во Извештајот се повикува Владата на Велика Британија да се дистанцира од ПКК /ПЈД, бидејќи потенцијално може да предизвика криза во Турција, која е членка на НАТО.
Терористичката организација ПКК повеќе од 30 години води терористичка кампања против Турција и предизвика смрт на повеќе од 40.000 лица.