Ekipa
20 Ноември 2017•Ажурирај: 20 Ноември 2017
ИДЛИБ (АА) - Припадниците на терористичката организација ПКК/ПЈД во Африн, на сириско-турската граница, со минофрлачки проектили ги гаѓаа позициите на турската мисија во Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што јавува новинарот на АА во Идлиб, милитантите во Африн, кој припаѓа на Алепо, лансирале пет ракети во околината на набљудувачката точка на турската војска на релацијата Идлиб-Африн.
Еден проектил паднал на стотина метри од позициите на турската војска, додека другите проектили паднале во населено подрачје.
Нема загинати ниту ранети, а турската војска возврати на нападот на терористичката организација.
Во рамките на договорот којшто го постигнаа Турција, Русија и Иран во Астана, Турските вооружени сили на 12 октомври започнаа со воениот транспорт.
Турција во Идлиб треба да формира 12 набљудувачки точки.