Adham Kako
20 Ноември 2017•Ажурирај: 21 Ноември 2017
ИСТОЧНА ГУТА/АНКАРА (АА) - Во вчерашните напади на Асадовиот режим во областа источна Гута, која се наоѓа во околината на сирискиот главен град, Дамаск, животот го загубија 7 цивили, од кои еден член на цивилната одбрана, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинарите на АА во Источна Гута соопштија дека нападите на Асадовиот режим во некои подрачја и населби во Источна Гута продолжиле до доцна синоќа.
Во вчерашните воздушни напади на режимот во населба Медјере загинаа 6 цивили од исто семејство, од кои 4 деца.
Од друга страна, едно од возилата на цивилната одбрана што се вклучи во спасувачките операции во населба Хамурије, беше цел на бомбашки напад на режимот, при што загина еден член на цивилната одбрана.
Девет лица загинаа вчераутро, во интензивните напади на режимот над места населени со цивили во подрачјата Хареста, Арбим, Дума, Ајн, Терма, Мерџ и Мисраба, а повредните беа пренесени во воените болници од страна на тимовите на цивилната одбрана.
- Најмалку 73 загинати во последните 7 дена -
Според информациите до кои дојде новинарот на АА од извори од цивилната одбрана, 73 лица загинаа во нападите на Асадовиот режим во последните 7 дена во различни подрачја во Источна Гута.
Од друга страна, во извршените напади загинаа и четворица членови на цивилната одбрана кои учествуваа во спасувачките операции.
Источна Гута, која веќе пет години е под опсада на режимот, беше прогласена за зона без судири во рамките на преговорите во Астана. Русија, земја-гарант за режимот, на 22 јули соопшти дека примирјето стапи во сила, но, покрај тоа, Асадовиот режим непрекинато продолжува со нападите.