Ahmet Gürhan Kartal
20 Ноември 2017•Ажурирај: 21 Ноември 2017
ЛОНДОН (АA) - Британската кралица Елизабета Втора и нејзиниот сопруг, принцот Филип, денес ја прославуваат својата 70-годишнина од бракот, јавува Anadolu Agency (AA).
Звоната на Вестминстерската опатија, каде што кралската двојка се венча на 20 ноември 1947 година, ќе ѕвонат три часа за да ја одбележат оваа пригода.
Кралицата Елизабета стана шефица на Велика Британија во 1952 година, на возраст од само 25 години. Таа го наследи нејзиниот татко, кралот Џорџ VI, по неговата смрт на 6 февруари истата година.
Три нови портрети на кралската двојка, на кои кралицата носи златен брош-бумбар, поклон од принцот Филип од 1966 година, од фотографот Мет Холјоак се споделени со јавноста. Кралицата носи кремаст фустан дизајниран од Ангела Кели.
91-годишната кралица стана првата личност од британската кралска фамилија којашто достигна сафирски јубилеј, 65 години на тронот.
Кралицата Елизабета стана монарх со најдолго владеење во Велика Британија во 2015 година, на 89-годишна возраст, и доживеа мандати на 14 премиери, вклучувајќи ги и Винстон Черчил и Маргарет Тачер.
Jосиф Сталин беше лидер на СССР, а Хари Труман беше претседател на САД кога таа седна на британскиот престол.
Брачната двојка ќе ја прослави платинумската годишнина на приватна вечера во замокот Виндзор.