Halit Süleyman
12 Август 2017•Ажурирај: 12 Август 2017
БАБ (АА) - Стотици Сиријци се собраа во сирискиот град Баб во знак на протест против терористичката организација ПКК/ПЈД, јавува Anadolu Agency (AA).
Ова подрачје на Баб, кое му припаѓа на Алепо, се наоѓа под контрола на сириската опозиција.
Стотици Сиријци со знамињата на револуцијата в раце, се собраа во центарот на градот и ги осудија нападите на оваа организација во Мари и во Азаз.
Извикуваа слогани против ПКК/ПЈД и носеа транспаренти на кои пишуваше: „ПЈД убијци на деца“, „Предавници, ѓаволи ПЈД“.
Меѓу демонстрантите беше и Абуд Наиф кој кажа дека целта на протестите е да покажат дека се против ПЈД, кои ја предадоа револуцијата.
Поддршка на насобраните Сиријци им пружи и Хасан Хусеин, лидер на племето Семар, порачувајќи дека излегол на протестот за да покаже дека е против поделбата на Сирија.
Поради тоа, и како што рече, против ПЈД кои работат на тоа. Слободната сириска полиција презеде опсежни безбедносни мерки во текот на протестот.
Протести секој петок се одржуваат во Мари, Азаз, Џарабулус и во Баб.