Betül Yürük
12 Август 2017•Ажурирај: 13 Август 2017
ЊУЈОРК (АА) - Десет лица добитници на Нобеловата награда за мир упатија апел до Саудиска Арабија за укинување на егзекуцијата на 14-те шиити што учествуваа на демонстрациите за време на Арапската пролет, на кои им е изречена смртна казна, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на група добитници на Нобеловата награда за мир се упатува апел до кралот на Саудиска Арабија, Селман бин Абдулазиз, како и на неговиот наследник, принцот Мухамед бин Селман, за помилување на 14-те млади затвореници, како и за укинување на нивните смртни казни.
Во соопштението се тврди дека притворените 14 лица биле принудени да дадат лажни изјави, како и дека биле изложени на тортура од страна на претставниците на оваа земја.
Исто така, Американската федерација на наставници упати апел до претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, за вршење притисок врз Саудиска Арабија да стави крај на смртните казни.