Ekipa
17 Октомври 2017•Ажурирај: 17 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Терористичката организација ПКК / ПЈД денеска ги освои последните два карта во центарот на уништената Рака, каде што отпор даваа борците на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Групата ПЈД, односно сирискиот огранок на терористичката организација ПКК, во јуни ја започна операцијата за заземање на Рака, која е богата со нафта, а операцијата беше поддржана од САД.
Минатата недела, терористите од ПКК / ПЈД постигнаа договор и им дозволија на локалните припадници на ДЕАШ да го напуштат градот со своите семејства и да се повлечат кон Деир ез-Зор, а во градот останаа странските борци на ДЕАШ.
Терористите на ПКК / ПЈД ги зазедоа последните два кварта во центарот на уништената Рака, каде што се наоѓаат градскиот стадион и болницата.
Заробени се десетици преживеани од странските борци на ДЕАШ.