Kaamil Ahmed
17 Октомври 2017•Ажурирај: 18 Октомври 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека нема да му дозволи на Иран да воспостави воено присуство во соседна Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Иран мора да разбере дека Израел нема да го дозволи тоа“, му рече Нетанјаху на рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, на состанокот во Ерусалим, каде што во фокусот се Иран и нуклеарниот договор со светските сили.
Нетанјаху даде изјави во коишто ја нагласи наводната закана од страна на Иран, минатата недела, кога американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе го поништи договорот којшто ја ограничува нуклеарната програма на Иран за да се спречи земјата да развие оружје.
Сепак, Израел постојано тврди дека договорот сѐ уште му дозволува на Иран долгорочно да развива нуклеарно оружје, за кое вели дека ќе биде свртено против Израел.
Исто така, тој често го обвинува Иран дека ја користи граѓанската војна во Сирија, каде што го поддржува владејачкиот режим на Асад, за да воспостави свои воени позиции во близина на Израел.
Иако Русија исто така го поддржува сирискиот режим, таа одблизу соработуваше со Израел на највисоко ниво, за да се избегнат судирите поради нивните конкурентски интереси.