Ekipa
09 Јуни 2016•Ажурирај: 10 Јуни 2016
ТОКИО (АА) - Јапонскиот произведувач на автомобили Хонда повлекува 784.000 возила во Јапонија поради неисправни воздушни перничиња на компанијата Таката, на совозачкото место, јавува Anadolu Agency (AA).
Повикувањето кое за денес го најави Honda Motorѕ Companу е последно од многуте такви повлекувања на раните произведувачи на автомобили предизвикани поради неисправни воздушни перничиња кои може да експлодираат со голема сила.
Повлекувањето на Хонда ги покрива моделите Odyssey, Accord, Clarity и уште неколку други.
Компанијата соопшти дека повлекувањето е одговор на неодамнешната одлука на Владата на Јапонија, која реши да ја следи иста таква одлуката на регулаторите од минатиот месец во Соединетите Американски Држави, поради која Таката треба да обезбеди 40 милиони нови воздушни перничиња за замена во 40 милиони возила.
Таката не е во можност да произведе доволно заменски делови и нови воздушни перничиња со цел да одговори на барањето, за кое се предвидува дека би можело да достигне број од 100 милиони возила на глобално ниво.