Adem Şalvarcıoğlu
20 Ноември 2018•Ажурирај: 22 Ноември 2018
АНКАРА (АА) – Во Јужна Кореја откриени се најмалите траги на диносаурус во светот. Во списанието „Scientific Reports“ е објавено дека во јужнокорејската област Џин откриени се траги на диносаурус за кој се смета дека живеел пред 110 милиони години, пренесува Anadolu Agency (AA).
Соопштено е дека трагите на стапалките од еден сантиметар се најмалите траги на стапала на диносаурус пронајдени досега.
Ентони Ромилио, истражувач од Универзитетот во Квинсленд, Австралија, рече дека трагите му припаѓаат на диносаурус од семејството на птици грабливки (raptor).
На нозете диносаурусот има шепа со три прсти, кои многу наликуваат на канџите кај птиците грабливки.
Овој тип диносаурус стапнува само на два прста, а со третиот прст не гази на земјата, туку го користи за брза реакција доколку биде нападнат.