Zehra Ulucak
22 Август 2017•Ажурирај: 22 Август 2017
АПЕР ДАРБИ (AA) – Бројот на повредените лица во судирот на два воза во предградието на Филаделфија, САД, се зголеми на 42, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролката на канцеларијата за транспорт во регионот Југоисточна Пенсилванија (СЕПТА), Хедер Редферн, изјави дека несреќата се случила 15 минути по полноќ (по локално време), кога брз воз удрил во друг воз, кој бил паркиран на транспортниот терминал во местото Апер Дерби.
Редферн додаде дека машинскиот возач е пуштен од болница, а ниедно од повредените и хоспитализирани лица не е во животна опасност.
Истрагата за несреќата е во тек.