ЕРУСАЛИМ (AA) - АБДУРАУФ АРНАВУТ -
Хатибот на џамијата Ал-Акса Ихриме Сабри рече дека трагите од пожарот предизвикан во џамијата пред 48 години сеуште се видливи. Сабри тогаш бил професор во средно училиште сместено во дворот на Ал-Акса, а за Anadolu Agency (AA) раскажа она што се случувало тој ден како и во наредниот период.
Рече дека училиштето тој ден поради летниот распуст било затворено.
Се присети дека околу седум часа наутро на 21. август 1969 година пламенот избувнал од минберот, а локалното население преку звучникот на џамијата е повикано во помош.
„Сите кои го слушнаа повикот, жените, мажите, старите, младите, сите тргнаа кон Акса. Пламенот бргу се ширеше, беше тоа страшна сцена", изјави Сабри кој додаде дека се обидувале да го изгаснат пожарот со земја и со песок.
Според неговите зборови, луѓето кои се обидувале да го изгасат пожарот биле бесни. Жителите, рече Сабри, се молеле и упатувале слогани против Израел.
- Пoпречувањето на Израел на противпожарните возила -
Сабри додаде дека жителите продолжите да ја гасат огнената стихија се додека не стасала противпожарна служба од Хеброн, Бетлехем и Рамала.
„Израелските власти го спречија доаѓањето на противпожарните возила на тоа подрачје. Кога возилата стасаа, пожарот се прошири на кровот и џамовите во источниот дел, а изгореа минберот, михработ ...", изјави Сабри.
Рече дека Палестинците по икинди-намазот (попладневна молитва) излегле на улиците и извикувале слогани против Израел.
Според неговите зборови, пожарот избувнал во четврток, а вратата на Ал-Акса биле затворени поради чистење и таа седмица во неа не била извршена петочната молитва (џума намаз).
- „Ова злосторство не го извршило едно лице" -
Потсети дека израелските власти го фатиле австралискиот Евреј Мишел Денис Рохан за кој се сметало дека го подметнал пожарот.
„Но овој пожар го предизвикале повеќе луѓе. Средствата со кои е предизвикан пожарот се многу ефектни и не ги имаше на пазарот. Не се во прашање средства кои може да ги добие поединец, единствено можела да ги обезбедни војската или државата. Пожарот го подготвувале окупаторските сили и тие на оние кои го предизвикале пожарот им ги обезбедиле средствата. Ова злосторство не го извршило едно лице", смета Сабри.
Потсети дека само Рохан е уапсен поради тој пожар.
„Австралиец е уапсен, односно странец. Од каде странец ги набавил овие средства потребни за предизвикување пожар? Зошто дошол од странство? Јасно е дека ова е планирано и дека е поттикнувано на извршување на ова страшно злосторство. Тоа што пожарот избувнал на повеќе места покажува дека не го предизвикало едно лице", изјави Сабри кој потсети дека во пожарот за мета првин бил земен минбер кој бил симбол на ослободување на Ерусалим.
Икримe Сабри рече дека опасноста од пожарот пред 48 години во Ал-Акса и понатаму продолжува.
„Пожарот има неколку облици како што се упадите на еврејските доселеници, ископувањата во Акса, казнување на муслиманите со забрана за влез во џамијата, приведувања и слично“, смета Сабри.
- Реставрацијата по пожарот -
Подоцна се појавија наводи дека Рохан, кој беше уапсен поради подметнување на пожарот во Ал-Акса, не е психички урамнотежен и во 1974 година е депортиран во Австралија. Според наводите на австралиските медиуми, Рохан починал во 1995 година.
Екипите на Управата на исламскиот вакуф, во Ерусалим во Ал-Aкса долго време изведуваа реставрација. Управата се жалеше дека израелската полиција се обидувала да ги спречи во нивната работа.
Минберот во Ал Акса на почетокот од 2007 година повторно е направен, во согласност со мерките и карактеристиките на оригиналот. Трошоците на минберот направен на Универзитетот „Балка“ во Јордан, ги сноси јорданскиот крал Абдула II.
Минберот кој е направен според оригиналната верзија денес е една од работите што посетителите на Ерусалим и Ал Акса сакаат да ги видат. Оригиналниот минбер, кој беше значително уништен во пожарот, е изложен во музејот во „Ал-Акса“.
Иако штетата предизвикана од пожарот, за кој сеќавањата се сè уште свежи, е намалена со реставрацијата, Управата за вакуф предупредува дека многубројни опасности и понатаму се наоѓаат околу Ал-Акса и дека се сè поголеми.
news_share_descriptionsubscription_contact
