Ekipa
21 Август 2017•Ажурирај: 22 Август 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Каталонската полиција денес соопшти дека застрелала човек кој носел елек со експлозив во безбедносна операција западно од Барселона, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми укажуваат на тоа дека застреланиот човек најверојатно е 22-годишниот Мароканец Јунес Абујакуб, но ова не е потврдено.
Каталонските власти го посочија Абујакуб за одговорен за нападот во кој загинаа најмалку 13 лица, а беа повредени над 100, кога возејќи бело комбе се втурна во толпа туристи и локални жители во пешачката зона во центарот на Барселона.
Инцидентот се случил во општината Субиратс, западно од Барселона.