Elvir Hocic
08 Август 2017•Ажурирај: 09 Август 2017
АНКАРА (АА) - Фоторепортерите на Аnadolu Agency (АА) синоќа снимија необични сцени на делумно затемнување на Месечината на небото над Турција.
На небото над поголем дел од Европа, Азија, Африка и Австралија и во следните неколку дена ќе се случи несекјдневно затемнување на Месечината, но синоќа овој феномен беше најизразен над Турција.
Феноменот се случува бидејќи временски се поклопуваат изгревањето на Месечината и заоѓањето на Сонцето, по што на месечевата топка се прави сенка која во најинтензивните моменти ќе засени третина од неговото тело.
Месечината преку Земјината сенка ќе се движи од запад кон исток.