Selma Kasap
07 Август 2017•Ажурирај: 08 Август 2017
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес изјави дека не смее да се заборави оти Република Турција минува низ нова ослободителна војна, и порача дека Турција и нејзиниот народ нема и не може да ја дозволи летаргијата, занемарувањето и предавството, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ги видовме предавниците. Темелот им се верските обреди, во средината им е трговијата, а покривот им е предавството. И каде се тие сега? Ене ги во Пенсилванија. Каде е остатокот? Па и остатокот бега. Дел од нив се во затвор, а дел избегаа во странство. Ние се бориме против нив. Тоа е терористичката организација ФЕТО. Постојат и други, тоа е терористичката организација ПКК, ние се бориме и против нив. Тука е и ДЕАШ, против кого исто така се бориме. Нашата работа не е лесна. Во секој случај, ние силата ја добиваме прво од Господ, а потоа од народот“, рече Ердоган.