Mümin Altaş
07 Август 2017•Ажурирај: 08 Август 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот заменик-премиер, Бекир Боздаг, денес во Анкара изјави дека новата уредба за прописите на облекување на членовите на терористичката организација ФЕТО, на кои пред турското правосудтво им се суди за обидот за државен удар од 15 јули минатата година, наскоро ќе биде донесена и соопштена, а станува збор за иста и еднобојна облека во која припадниците на таа терористичката организација ќе се појавуваат пред судовите, јавува Anadolu Agency (AA).
Боздаг денес во Анкара разговараше со претставниците на турските медиуми, и во таа пригода даде коментар во врска со случувањата во Турција, во регионот и во светот.
На прашањето на новинарите за проширувањето на офанзивата „Штитот на Еуфрат“ во Сирија, Боздаг истакна дека сите случувања во таа соседна земја се од големо значење за националната безбедност на неговата земја.
„Секоја нестабилност околу нашите граници и тоа како ја засега Турција. Држави кои доаѓаат од оддалеченост од илјадници километри сметаат дека ги засега ситуацијата во Сирија, и тоа е една од причините никој да не очекува од нас да бидеме пасивни, а делиме граница во должина од 910 километри“ појасни Боздаг.
Турскиот вицепремиер нагласи дека Турција не се двоумеше кога требаше да преземе чекори со цел заштита на националната безбедност, и дека исто така одлучна ќе биде и во иднина.
„Турција досега направи сѐ што требаше за да се воспостави трајна стабилност во регионот. Направи и повеќе од тоа. Сите меѓународни сили ги предупредивме и побаравме да преземаат правилни чекори во овој регион, и ние продолжуваме со тоа. Турција води најодлучна борба против терористичката организација ДЕАШ. Само Турција таа борба ја води без никакви изговори, без одложувања. Преземавме многу важна улога во офанзивата 'Штитот на Еуфрат'. Постои нешто што постојано го повторуваме, а тоа е дека не можете да користите една терористичка организација во борба против друга“, рече Боздаг.