Handan Kazancı
03 Јануари 2019•Ажурирај: 06 Јануари 2019
ПЕКИНГ (АА) - Кинескиот вселенски брод на 2 јануари оваа година е првиот вселенски брод кој слета на темната страна на Месечината, извести денес новинската агенција „Синхуа“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Вселенската национална управа на Кина соопшти дека роботската сонда „Chang’e-4“ слетала на оддалечена страна на Месечината, која никогаш не е видлива за Земјата, во 10:26 часот по пекиншко време.
„Синхуа“ ги објави и првите фотографии кои ја прикажуваат темната страна на Месечината.
„Сондата, која се состои од лендери и ровери, слета на однапред одредено подрачје на 177,6 степени источна должина и 45,5 степени јужна должина на спротивната страна на Месечината“, наведува „Синхуа“.
Кина ја лансираше „Chang’e-4“ на 7 декември минатата година од југозападниот град Сичанг.
„Се очекува дека сондата ќе го истражи минералниот состав и површинската лунарна структура на оддалечената страна на Месечината, како и тоа дека ќе извршува астрономски радиоопсервации на ниска фреквенција“, објавија од Кинеската меѓународна организација на медиумите (CGTN).
Опишувајќи го слетувањето како историско, Кинеската меѓународна организација на медиумите истакнува дека вселенскиот брод ќе биде клучен чекор во откривањето на таинственоста на темната страна на Месечината.