Emel Öz Gözellik
24 Јуни 2018•Ажурирај: 25 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Научниците истражиле околу 50.000 ѕвезди и окриле 80 планети надвор од Сончевиот систем, пренесува Anadolu Agency (AA).
На интернет-страницата на Технолошкиот институт „Масачусетс“ (МИТ) објавена е веста дека астрономите, со помош на вселенскиот телескоп Кеплер на Националната администрација за аеронаутика и вселена - НАСА, истражиле околу 50.000 ѕвезди и окриле 80 планети надвор од Сончевиот систем.
Астрономите информираат дека најсјајна планета меѓу новооткриените е онаа која се движи во орбитата околу ѕвездата, именувана како HD 73344. Тие истакнуваат дека оваа планета е со маса 10 пати поголема од Земјата, а според димензиите, 2,5 пати поголема од нашата планета.
Ијан Кросфилд од Технолошкиот институт „Масачусетс“ изјави дека оваа планета би можело да биде помала и потопла верзија на Уран и Нептун од нашиот Сончев систем.
Резултатите од истражувањето се објавени во списанието „The Astronomical Journal“.