Ekip
03 Април 2017•Ажурирај: 04 Април 2017
КАИРО (АА) - Археолошкиот тим во Египет откри остатоци од пирамида која датира од 13. династија, стара околу 3.700 години, пренесува Anadolu Agency (AA).
Раководителот на институцијата за антиквитети на Египет, Махмуд Aфифи во соопштението објавено денес истакна дека остатоците пронајдени во северен дел на Црвената свиткана пирамида на кралот Снофру во кралската некропола Дахшур јужно од Каиро.
Се верува дека оваа пирамида е прв обид на древен Египет да изгради мазна форма на оваа градба.
Адел Окаша, директор на некрополата Дашур рече дека остатоците припаѓале на внатрешната структура на пирамида, вклучувајќи го ходникот.
Други остатоци вклучуваат блокови кои го покажуваат дизајнот на внатрешноста на пирамидата.