Kayhan Gül
03 Април 2017•Ажурирај: 04 Април 2017
БЕЛГРАД (АА) - Републичката изборна комисија (РИК) соопшти дека врз основа на преброените 91,23 проценти од гласовите, претседателот на Српската напредна партија (СНС), српскиот премиер Александар Вучиќ, на вчерашните претседателски избори освои 55,1 отсто од гласовите, јавува Anadolu Agency (AA).
Саша Јанковиќ освои 16,27 отсто од гласовите, а Лука Максимовиќ 9,44 отсто од гласовите.
Меѓу другите кандидати, Вук Јеремиќ освои 5,64 отсто од гласовите, Воислав Шешељ 4,47 проценти, Бошко Обрадовиќ 2,3 отсто, Ненад Чанак 1,14 отсто, Саша Радуловиќ 1,41 отсто, Милан Стаматовиќ 1,2 отсто, Александар Поповиќ 1,04 проценти и Мирослав Паровиќ 0,32 проценти.
Колку за потсетување, Вучиќ на вчерашната прес-конференција изјави дека според достапните податоци со кои располага, тој е во значајна предност и со тоа прогласи победа.
Мандатот на актуелниот претседател на Србија, Томислав Николиќ, завршува на 31 мај.