Umur Koçak Semiz
03 Април 2017•Ажурирај: 04 Април 2017
ЈАНГОН (AA) – Избувна пожар во еден караоке бар во градот Магмав којшто се наоѓа во централниот дел на југоисточната азиска држава, Мјанмар, во кој 16 лица го загубија животот, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицискиот службеник, Тин Аунг, во изјава за АА истакна дека вчера во ноќните часови се случила силна експлозија во една двокатна зграда, а причината на експлозијата сеуште не е позната. По настанатата експлозија избувнал и пожар.
Тин пренесе дека пожарот бил ставен под контрола од страна на пожарникарите коишто 2 часа го гаселе пожарот. Тој информираше дека на горниот кат од зградата нашле трупови на 16 лица.
Тин Аунг додаде дека меѓу загинатите се и 4 вработени во барот.
Се претпоставува дека пожарот избувнал како резултат на испуштање на гас.