Şeyma Uzundere
13 Јуни 2022•Ажурирај: 14 Јуни 2022
БЕРЛИН (АА) - Европската вселенска агенција (ESA) објави податоци за речиси две милијарди ѕвезди, што ги собрала како дел од мисијата Гаја за креирање точна и целосна карта на галаксијата Млечен Пат, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што се наведува во соопштението, податоците ќе им помогнат на астрономите да сфатат како галаксијата Млечен Пат се менувала во текот на годините, врз основа на настанокот и смртта на ѕвездите.
Во соопштението се вели дека новите информации за староста, масата, температурата и хемиското формирање на две милијарди ѕвезди што ги објавила ЕСА можат да се користат и за одредување која ѕвезда преминала од некоја галаксија во галаксијата Млечен пат.
Податоците на мисијата Гаја содржат повеќе од 800.000 датотеки за ѕвездите, како и планетите, астероидите и други објекти во Сончевиот Систем.
Ѕвездите истражени како дел од мисијата Гаја сочинуваат само еден процент од ѕвездите во галаксијата.
Млечниот Пат е галаксија на која ѝ припаѓа Сончевиот Систем и во која Земјата е една од планетите. Навечер може да се забележи на небото.
Галилео Галилеј во 1609 година со телескоп воспостави дека е составена од голем број ѕвезди.