наука и технологија

Основачите на „БајоНТех“ очекуваат вакцините против Ковид-19 да бидат достапни за сите во 2022 година

- Угур Шахин и Озлем Туреџи се во Овиедо, Шпанија, за да ја примат наградата „Принцезата на Астуриас“ за техничко-научно истражување

Ekip  | 22.10.2021 - Обновена : 23.10.2021
Основачите на „БајоНТех“ очекуваат вакцините против Ковид-19 да бидат достапни за сите во 2022 година Фото: Бурак Акбулут / АА

ОВИЕДО 

Коосновачите на „БајоНТех“, Угур Шахин и Озлем Туреџи, денеска изјавија оти очекуваат дека ќе има доволно снабденост со вакцините за заштита од Ковид-19 од средината до крајот на 2022 година за да се имунизира глобалната популација, известува Агеција Анадолија (АА).

Зборувајќи на прес-конференцијата во Овиедо, Шпанија, каде ќе ја примат престижната награда „Принцезата на Астуриас“ за техничко-научно истражување, брачните партнери рекоа дека сите вакцини ќе помогнат во постигнувањето на целта.

Oд „БајоНТех“, нивната компанија каде што работеа заедно со „Фајзер“ за да ја развијат првата одобрена вакцина против Ковид-19, соопштија дека во моментот испраќаат 40 проценти од вакцините на земјите во развој и дека работат на додавање производство во недоволно опслужените региони.

„Ние ова го гледаме како можност да ги направиме овие држави самоодржливи. Веќе започнавме да градиме регионални објекти за производство, не само за да ги испорачаме вакцините таму, туку да им помогнеме ним да ги постават сопствените екосистеми и да ги научат вештините. Ова не е неважно. Мора да се знае како се прави ваквиот процес на вакцина. Ќе биде потребно малку време, но мислиме дека напорот е вреден“, рече Туреџи, објаснувајќи зошто не се согласила со заговарачите на патентирање.

Турско-германските научници рекоа дека очекуваат резултатите од клиничките испитувања кои ги започнале во 2012 година за борба против карцином, да бидат достапни во наредните четири или пет години.

„Иако може да звучи како научна фантастика дека по барање можете да произведете вакцина која е индивидуална и уникатна за пациентот, но ние така почнавме пред многу години и тоа предизвика да се заинтересираме за мРНА“, рече Туреџи.

„Досега, третманите покажаа сигурност и можност да се намалат или да се контролираат туморите преку активирање на имунолошкиот систем на пациентот против неговиот конкретен вид канцер“, додаде таа.

„Тоа е ригорозен научно-истражувачки процес и јас мислам дека овие вакцини ќе бидат изводливи и дел од нашата стандардна клиничка нега“, објасни таа.

Вечерва, шпанското кралско семејство ќе им ја врачи наградата на двајцата научници, заедно со другите клучни фигури што учествуваа во развојот на вакцината за Ковид-19.

„Ние сме многу среќни и се чувствуваме благословени што можеме да придонесеме во давањеро одговор на пандемијата и на процесот на покажување дека науката може да победи кризи од глобални размери“, рече Туреџи.


​​​​​​​

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.