Abidin Mutlu Bozdağ
28 Октомври 2021•Ажурирај: 29 Октомври 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ со вкупно 1.066 лета дневно, на 26 октомври беше втора авиокомпанија со најмногу летови во Европа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според извештајот за сообраќајот на летовите на Европската организација за безбедност на воздушниот сообраќај (ЕУРОКОНТРОЛ), по укинувањето на голем број ограничувања наметнати со цел сузбивање на пандемијата на коронавирусот, ирскиот „Рајанер“ со 2.190 лета дневно, го зазеде првото место по бројот на летови во Европа за еден ден.
На второ место е „Туркиш ерлајнс“ со 1.066 лета дневно, додека „Луфтханза“ е трета со 808 лета.
„Туркиш ерлајнс“ во октомври објави дека ќе ги превезе своите патници на вкупно 253 дестинации како дел од планот за летови за ноември.
Во соопштението на „Туркиш ерлајнс“ се наведува дека планот за летови на авиокомпанијата е ажуриран.
„Бидејќи знаеме колку е тешко да се планира во овој период, со задоволство ви нудиме флексибилни опции за патување. Можете да направите неограничени промени на билетите помеѓу 21 март 2020 година и 31 декември 2021 година. За повеќе информации, погледнете ја нашата страница на флексибилно патување“, соопштено е од „Туркиш ерлајнс“.