Murat Kaya,Başak Akbulut Yazar
21 Октомври 2021•Ажурирај: 22 Октомври 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 15 лица во Турција се приведени поради поврзаност со израелската разузнавачка служба, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тие се приведени како дел од истрагата што ја спроведе Обвинителството во Истанбул, според турски судски извори.
„Осомничените доставувале информации и документи до израелската разузнавачка служба“, изјавија извори под услов на анонимност.
„Мрежата се потпираше на палестински и сириски државјани кои живеат во Турција, кои примале средства преку електронски трансфер и курири“, додаваат изворите.
Осомничените се изведени на суд, а потоа префрлени во затворот „Малтепе“ во Истанбул.