Турција

Ердоган: „Водата е најголемата стратешка вредност во наредниот век“

„Заштитата на водните ресурси пред нивното исцрпување, ефикасното користење и правилно управување се сега обврска, а не избор“, порача Ердоган

Ali Murat Alhas  | 21.10.2021 - Обновена : 22.10.2021
Ердоган: „Водата е најголемата стратешка вредност во наредниот век“ Фото: Murat Kula/АА

АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека водните ресурси се најголемата стратешка вредност во наредниот век и дека притисокот врз тие ресурси расте секоја година, јавува Агенција Анадолија.

Ердоган им се обрати на учесниците на Првиот совет за вода на Турција за да укаже на исклучителната важност на овој ресурс за иднината на човештвото.

„Заштитата на водните ресурси пред нивното исцрпување, ефикасното користење и правилно управување се сега обврска, а не избор“, порача Ердоган.

Нагласувајќи дека Турција придава голема важност на зачувувањето на водните ресурси, Ердоган рече дека во тек е реализација на 90 проекти во водостопанството и дека тие проекти на годишно ниво за 18 милиони луѓе ќе обезбедуваат дополнителни 1,8 милијарди метри кубни питка вода.

„Турција ќе развие нови модели на финансирање и модерни методи за проекти за наводнување во кои ќе биде вклучен и приватниот сектор“, рече Ердоган.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın