Ekipa
28 Октомври 2021•Ажурирај: 29 Октомври 2021
БЕРЛИН (АА) - Германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Сехофер, денес предупреди на нов голем бегалски бран, главно на луѓе од Блискиот Исток и Авганистан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како што истакна Сехофер, илјадници луѓе, главно бегалци од Блискиот Исток и Авганистан, се обидуваат нелегално да влезат преку источната граница на Европската Унија (ЕУ) со Белорусија.
„Пред два дена, првпат по многу години, имавме повеќе од 1.000 мигранти дневно“, рече Сехофер за телевизиската куќа „Билд ТВ“.
Тој повика на заедничка стратегија на ЕУ за миграции која има за цел решавање на влошени бегалски кризи.
„Решение на проблемот со миграциите ќе биде можно само низ ЕУ“, нагласи Сехофер.
„Берлин ја зголеми граничната патрола со Полска, распоредувајќи дополнителни 800 полицајци за да го запре приливот на мигранти кои се обидуваат да влезат во ЕУ преку Белорусија“, наведено е од Министерството за внатрешни работи.
Со недели луѓе од Ирак, Сирија, Иран и Авганистан наводно доаѓаат од Германија во Полска откако претходно влегле во Белорусија и преминале во ЕУ.