АНКАРА (АА) - По неодамнешното прогласување на 14-годишната затворска казна на Асадула Харун Гул во Гвантанамо како незаконска од страна на американскиот Федерален суд, сведок кој го посети „најужасниот“ притворен центар во светот рече дека многу затвореници не заслужиле да бидат таму, пишува Агенција Анадолија (АА).
„Не е терорист секој што е затворен таму. Многумина од затворениците се нашле на погрешно место во погрешно време кога биле уапсени“, рече Саид Назакат, наградуваниот новинар и аналитичар. Тој беше првиот азиски новинар на кого му беше дозволен пристап до американскиот објект, лоциран надвор од американските граници во 2014 година.
Говорејќи за Агенција Анадолија (АА), тој го спомена случајот со Исмаил Агха, 12-годишно момче помина во застражувачки притвор цели 14 месеци.
„Тој беше уапсен од страна на авганистанскиот воен лидер во 2002 година и наводно им бил предаден на американските војници за награда од 5.000 долари. Беше приведен 14 месеци и беше пуштен во 2004 година“, рече тој.
Лоциран на крајбрежјето на заливот Гвантанамо во Куба, 840 километри од Мајами, притворниот центар „Гитмо“ среде американската поморска база продолжува да предизвикува контроверзии.
Околу 800 затвореници од 50 држави имаат поминато низ вратите на Гвантанамо од 2001 година. Во последните 20 години, 9 затвореници починале во затворот.
Во моментот, во објектот се затворени 39 затвореници, меѓу кои е и Халид Шејх Мохамед, наводниот „творец“ на нападите на Ал Каеда на 11 септември 2001 година во Америка, и четворица заговорници на кои им се суди од страна на воените комисии.
Исто така, на десетмина од нив им е потврдено ослободување од страна на американските агенции, но сѐ уште се држат затворени. Помеѓу нив е Сејфула Парача, 74-годишен Пакистанец, најстариот притвореник во Гвантанамо, кој никогаш не бил обвинет за кривично дело. За десет затвореници во тек е постапка од страна на воените комисии. Еден затвореник е близу крајот на отслужувањето на казната и ќе биде ослободен во февруари следната година.
Досега, за време на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, ослободен е само еден притвореник, државјанинот на Мароко, Абдул Латиф Насер.
- „Можно е да има повеќе деца затвореници“ -
Распространет на повеќе од 120 квадратни километри, притворот е управуван од Заедничка работна група - Гвантанамо и е екипиран со персонал од американските воздушни сили, армија, маринци, гардата на Заливот, Централната разузнавачка агенција (ЦИА) и други истражувачки тела на американската Влада.
Според податоците од предметите, најмалку 17 притвореници кои поминале години во ќелиите на озлогласениот затвор имале помалку од 18 години, а најмалку двајца имале под 14 години.
„Бројката на деца притвореници би можела да е поголема, според тоа што годините на многу притвореници се избришани или непознати. Ништо во податоците не покажува дека Американската армија брзо заклучила дека децата биле невини. Сепак, тие останале во „Гитмо“ со години“, рече Назакат, кој е член на Мрежата за глобално истражувачко новинарство.
Тој кажа дека едно од децата, Јасер (16), извршил самоубиство. Цитирајќи го докторот од кампот „Делта“, привремена болница во затворот Гвантанамо, Назакат рече дека многу притвореници пателе од акутна депресија и многумина од нив извршиле самоубиство.
Обеидула имал 19 години кога бил уапсен во неговата куќа во источен Авганистан во 2014 година. Тој одлежал 12 години во затвор.
„Тој беше фатен во сред ноќ, откако американските војници најдоа нагазни мини и дневник во близина на земјиштето на семејството. Тие, исто така, најдоа позајмено комбе со дамки од крв на задните седишта. Војниците се сомневале дека комбето служело за превоз на ранетите луѓе на Ал Каеда преку границата во Пакистан“, рече Назакат, сега основач на фирмата „ДатаЛидс“, првата податочна платформа во Индија.
Адвокатот на Обаидула, мајор Дерек Потет, американски маринец, кој го посети Авганистан за да прибере докази, најде нешто шокантно.
Потет рече дека два дена пред момчето да биде уапсено, тој го изнајмил комбето за да ја пренесе својата трудна жена до болницата. Таа започнала да се пораѓа на патот и родила девојче во комбето. Оттука биле дамките од крв на седиштето.
„Во Авганистан мажите не говорат за своите жени. Табу е да зборуваш за жена си дури и во семејството, се оставаат настрана нивните здравствени проблеми и породилни болки“, рече Потет.
Ќерката на Обеидула се родила два дена пред неговото апсење и неговиот прв контакт со 11-годишното девојче откако бил затворен, бил преку видеоповик во 2013 година.
- Награди и часовници Касио -
Назакат рече дека службениците на американската војска признале дека некои од затворениците едноставно биле на погрешно место во погрешно време.
„Некои беа продадени од авганистанските воени водачи и пакистанските службеници за награди. Америка знаеше да фрли од воздух летоци во племенските области, ветувајќи 5.000 долари за фаќање на терорист. Во маглата на војната многу невини станаа осомничени и терористи. Некои беа уапсени за време на случајни воени чистки на автопатите и на контролните пунктови“, објасни тој.
„Некои беа уапсени бидејќи носеа часовник Касио F-91W, кој бил гледан како знак за Ал Каеда. Службениците на ЦИА заклучија дека Бин Ладен имал обучени регрути да го употребуваат овој часовник како тајмер во бомбите.“
Назакат додаде дека во податоците на предметите може да се види дека најмалку 50 притвореници се уапсени откако по случајни претреси им се најдени часовници Касио F-91W.
„Најмалку 22 ујгурски притвореници во „Гитмо“ имаа слична приказна. Тие ги напуштиле своите домови во провинцијата Ксиџијанг и преминале во Пакистан, каде што се фатени и продадени за награда. Деветнаесет од нив се ослободени и им беше даден азил во различни држави, вклучително Албанија и Шведска.“
„Гитмо“ е избран од поранешниот американски претседател Џорџ Буш поради неговата вонсудска природа, бидејќи е надвор од САД и нивниот комонвелт, па оттука е надвор од јурисдикцијата на граѓанските судови.
Назакат рече дека објектот, виртуелната тврдина, опколен со бодликава жица, надгледувачки кули, камери за надзор, има неколку контролни пункта, дури и на високите американски службеници им е потребна дозвола за да дојдат на островот. За да се стигне таму, прво во Форт Лаудердејл, Флорида, треба да се осигураат безбедносните прашања пред качување во авион за Воениот аеродром „Левард“ во заливот Гвантанамо.
Откако ќе се осигура безбедноста, посетителите имаат пристап за качување во брод до базата Биндвар низ заливот, каде што имаат пристап да влезат во затворските кампови по сериите на проверки.
- Нема бегство од Гвантанамо -
Присуството на САД во заливот Гвантанамо датира од 1898 година за време на Шпанско-американската војна. Во 1903 година, Куба го изнајми на САД овој залив кој се наоѓа во нејзиниот југоисточен дел, да го користи како поморска станица за јаглен. Во 1934 година, тој стана енклава на САД откако е потпишан траен закуп.
„Оттука нема бегање. Она што не се чува покрај морето го чуваат стрмните ридови на кубанската страна. Америка ја деминира нејзината страна на границата во 1996 година откако тоа го нарача претседателот Бил Клинтон. Денес, доколку некој би успеал да го избегне движењето и сензорите за звук на американската страна, тој би налетал во мини на кубанската страна. Да не ја заборавиме завесата од кактуси, 13 километри долга ограда од кактус, посадена од Куба. Навечер можам да видам добро осветлена американска ограда, чии светла трепкаат како од бајките во далечината“, рече Назакат.
„Гитмо“ е поделен во четири затворски кампови за различни видови затвореници. Во кампот „Игуана“, оној во кој се држат малолетници, млади до 12 години, исто така има тројца кинески затвореници. Повеќето од притворениците во „Гитмо“ беа држени во камповите 5 и 6. Камповите 7 и 15 се за притвореници со висока вредност.
„Секој камп е обиколен со бодликава жица со одвоени врати. Многу притвореници не беа свесни дека се многу блиску до заливот. Тие беа пренесени со врзани очи и изнесувани се само поради медицинска грижа или да се сретнат со нивните адвокати. Пред да го напуштат или да влезат во кампот, тие се подложни на понижувачки претрес. Стражата го проверува дури и делот кај скротумот и препоните за да провери дали на телото на притвореникот има нешто залепено“, рече еден сведок.
Во кампот број 6 Назакат видел тројца затвореници, двајца биле седнати и тивки, а третиот, човек во 50-тите со долга брада, талкал наоколу и скандирал гласно. Тој ѕирнал од прозорецот на ќелијата сакајќи да каже нешто.
Поема од „Гитмо“, „Ода на морето“, беше вклучена во англиската поетска програма на Универзитетот „Каликут“ во индиската најјужна држава Керала. Поемата, која се појави под псевдонимот „Ал Рубаиш“, подоцна беше повлечена.
Во 2006 година, 14 „притвореници со висока вредност“, сите врвни оперативци на Ал Каеда, беа префрлени од страна на ЦИА во „Гитмо“.
- Обама не го одржа ветувањето -
Со депортирање на американските војници од Авганистан, групите за граѓански права апелираа до Бајден да го исполни неговото ветување од 2020 година и да го затвори затворот. Порано, поранешниот американски претседател Барак Обама тврдеше дека ќе го затвори затворот. Но тој не го одржа ветувањето откако американскиот Конгрес во 2011 година наметна ограничувања на трансферот на притворениците.
Управата на Буш има префрлено околу 540 притвореници надвор од Гвантанамо до крајот на 2008 година и управата на Обама префрлила околу 200 притвореници надвор од објектот од почетокот на 2017 година.
Во 2014 година, талибанските затвореници беа префрлени во Катар. Четворица од нив сега се членови на авганистанската привремена талибанска администрација.
Во февруари, САД објавија дека вршат внатрешен преглед како да го затворат Гвантанамо. Застапниците тврдат дека Бајден може се откаже од воените судови и да му дозволи на американското Министерство за правда да продолжи со гонење на осомничените од 11 септември и другите обвинети за кривични дела поврзани со тероризам.
news_share_descriptionsubscription_contact
