Tuba Şahin
28 Октомври 2021•Ажурирај: 29 Октомври 2021
АНКАРА (АА) - Турција привлече 17,6 милиони странски посетители од јануари до септември, до 86 проценти повеќе, за разлика од истиот период минатата година, соопшти денеска Министерството за култура и туризам на државата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
И покрај значајното подобрување, овие девет месеци не го надминаа периодот на 2019 година пред пандемијата.
Медитеранскиот туристички град Анталија беше на врвот на листата за странските посетители со удел од 39 проценти, привлекувајќи 6,8 милиони странци во периодот од јануари до септември.
Следен е Истанбул, најголемиот турски град според популацијата со удел од 33 проценти и Едрене во северозападна Турција, кој граничи со Бугарија и Грција со удел од 10 проценти.
Податоците на Министерството покажаа дека земјата угостила 21,5 милиони посетители, вклучително турски државјани кои живеат во странство, во првите девет месеци од годината.
Русите се со удел од 20 проценти или 3,5 милиони од сите посетители, следни се Германците со 13 проценти, Украинците со 1,8 проценти, Бугарите со 5 проценти и Иранците со 4 проценти.
Во септември, земјата имаше 3,5 милиони посети на странци, што е зголемување за 60 проценти на годишно ниво.