İsmail Kaya
28 Октомври 2021•Ажурирај: 29 Октомври 2021
АДИЈАМАН (АА)
- Исмаил КАЈА
Љубител на животни во местото Кахта во турската област Адијаман со шишенце храни 4 младенчиња на верверица пронајдени во отворот на дрвото, овозможувајќи им со тоа да останат живи.
Иса Аџар, кој се занимавал со трговија на дрва, забележал дека во дупката на едно дрво што требало да се сече, има верверички и го запрел сечењето.
Аџар, забележувајќи 4 младенчиња на верверица во дувлото, ги однел кај Махмут Чобан, кој во местото е познат како „Кушчу Махмут“ (човек кој се грижи за животните).
Чобан почнал да ги храни четирите исцрпени верверички со шишенце.

Верверичките за кои Чобан на работното место поставил дрвен трупец, станаа центар на интересот на еснафот од околината.
Махмут Чобан за Агенција Анадолија (AA) изјави дека кога му ги донеле четирите малечки верверички, тие биле гладни и жедни и имале потреба од грижа бидејќи биле многу мали.
Изразувајќи дека бил трогнат кога за првпат ги видел верверичките одвоени од нивните родители, Чобан истакна дека со нежност им пришол на малите животни.

Тој рече дека посакува сите граѓани да се грижат за природата и живите суштества, истакнувајќи: „Ми причинува огромно задоволство да ги гледам овие бебиња верверички. Досега одгледав многу верверички и ги вратив во природата, тие се многу мали и ќе бидат со мене уште долго. Мојата единствена цел е бесплатно и доброволно да се грижам за бездомните и сиромашните животни. Секако, прво сите животни минуваат ветеринарен преглед, а болните, по лекувањето, продолжувам да ги хранам. Да се спаси едно живо суштество претставува најубавото чувство на светот. Ќе ги пуштам овие младенчиња во природа кога ќе пораснат.“

- Вервериците станаа маскоти на еснафот
Во меѓувреме, малите верверички одеднаш станаа маскоти на околниот еснаф.
Неџметин Кизил, сопственик на маркет, изјавувајќи дека верверичките понекогаш доаѓаат на неговото работно место и им дава храна, рече дека многу се навикнал на малите животни.
Орхан Доган, еден од локалните трговци, изјави дека го посетува работното место на Чобан за да ги види верверичките и дека многу ги засакал.
И Муса Сарај рече дека по отворањето на својот дуќан наутро, првото нешто што го прави е да ги види верверичките. Сарај изјави дека понекогаш помага во грижата за верверичките и истакна дека овие малечки животни го збогатиле духот на соседството.