Muhammed Ali Toruntay
03 Декември 2016•Ажурирај: 04 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Мустафа Булут (49) целиот свој живот го посветил на уметноста на дрвото. Булут од 12 години со направените уметнички дела му дава живот на дрвото.
На почетокот Булут на својата 12 годишна возраст започна како чирак кај занаетчија кој се занимавал со обработка на дрво. Сега Булут својот занает го продолжува во Анкара во населбата Алтиндаг изработувајќи врата од дрво, мебел, масич и часовници. Тој, правејќи декорации на производите од дрво им ги презентира на купувачите.
Мустафа Булут во разговор за АА рече дека не може да најде чирак којшто ќе го научи, како и дека младите немат интерес за оваа професија. Булут истакна дека резбата не е атрактивна како порано и дека интересот за рачните уметности е намален.
Според него со технолошките случувања професијата резбата на дрво се сочуваа со опасност целосно да исчезне.
Булут истакна дека професијата ја врши со љубов и дека дрвото го резба со железно длето, при што успеал на многу работи да им даде форма. Од друга страна, во слободно време тој се одмара правејќи маси, часовници и макети.
Мустафа Булут раскажуваше за оргомниот часовник од дрво којшто детално сам го измислил и на којшто работел скоро 4 години.
Тој рече дека ова дело е продадено за 30-40 илјади турски лири.