живот

Својата имагинација ја обликува со уметноста на обработка на дрво

- Невзат Озбај (79), уметник што изработува дрвени панели и скулптури во Улицата на уметноста на Музеј на затворот „Улуџанлар“ во Анкара, го продолжува уметничкиот животен пат преку рефлектирање на искуствата во своите дела.

Semih Erdoğdu  | 27.12.2025 - Обновена : 27.12.2025
Својата имагинација ја обликува со уметноста на обработка на дрво

АНКАРА (АА) - Невзат Озбај, 79-годишен уметник што изработува дрвени панели и скулптури во Улица на уметноста на Музеј на затворот „Улуџанлар“ во Анкара, го продолжува својот уметнички животен пат преку рефлектирање на искуствата што ги стекнал во текот на својот живот во своите дела.

Озбај, кој со новинарот на АА ја сподели својата животна приказна, од неговиот ран професионален живот до годините поминати в затвор, од здравствените проблеми до неговото обновено уметничко творештво, го привлекува внимание со дела во кои својата имагинација ја претставува преку дрвото.

Наведувајќи дека својата уметност ја темели врз единството на „раката, мозокот и совеста“, Озбај рече дека некое време живеел како бегалец поради неговиот став против пучот од 12 септември 1980 година, а потоа бил уапсен во 1984 година и се здобил со сериозни здравствени проблеми поради тортурата што ја преживеал в затвор.

Озбај рече дека се здобил со проблеми во зглобовите на рацете за време на престојот в затвор и дека одреден период не можел да ги користи рацете, додавајќи дека иако лекарите му дале мала надеж за закрепнување, сепак успеал да го врати своето здравје изработувајќи скулптури.

Озбај, кој раскажа дека работел во многу тешки услови од детството, рече дека се занимавал со земјоделство во селото во периодот на основно училиште, а додека учел во средното училиште во Кајсери, се обучил и работел во Машката индустриска работилница за обработка на дрво. Озбај истакна дека работел во работилницата преку ден, а во попладневните часови и навечер заработувал за живот работејќи разни работи.


- „Моите вештини се акумулираат уште од детството“

Нагласувајќи дека руралниот живот ги открива талентите кај човекот, Озбај продолжи со зборовите:

„Сам си ги задоволуваш сите потреби. Ставаш рачка на секирата, резбариш со длето, поправаш што е скршено. Таа средина ги развива вештините кај човекот. Моите вештини се акумулираа уште од моето детство.“

Зборувајќи дека е од кавкаско потекло, Озбај раскажа дека коњот што му бил даден на подарок во детството го бркале волци и паднал од карпа, момент што оставил длабок белег во неговиот живот. Тој рече дека овој настан му всадил силно чувство за борба и отпор.

Озбај како „ремек-дело“ го опиша делото што го создал резбарејќи ја светски познатата „Герника“ од Пабло Пикасо во дрво во период од 19 месеци.


- „Уметноста е за народот“

Споделувајќи ја својата перспектива за уметноста, Озбај рече дека никогаш не бил блиску до идејата „уметност заради уметност“ и додаде:

„Верувам дека уметноста треба да се создава за народот, за законот, за правдата и за чесноста.“

Зборувајќи дека продолжил да создава дури и за време на годините поминати в затвор, Озбај рече дека физичките и психолошките тешкотии што ги доживеал, успеал да ги надмине преку уметноста.

Озбај рече дека една соба од својата куќа во Анкара ја направил работилница и повторно почнал да создава уметност и додаде дека уметноста му дава живот.

Тој спомена и дека бил близок пријател со Дениз Гезмиш, Хусеин Инан и Јусуф Аслан, кои биле погубени во затворот „Улуџанлар“ во 1972 година.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın